Секој разменет дрес Виктор Валдес го чини 100 евра!

Стандард Лиеж не е Барселона, а не е ниту Манчестер Јунајтед. Виктор Валдес е најпознатото име во оваа белгиска екипа, а Каталонецот наиде на проблем каков што немаше во претходните клубови.

Валдес не може со леснотија на секој натпревар да го размени дресот со противничкиот голман, бидејќи мора да плати 100 евра по дрес секој пат кога ќе го стори тоа.

Но, Валдес сепак на секој меч од почетокот на вториот дел од сезоната, откако пристигна во Стандард, го разменува дресот, а од тоа најзадоволни се неговите колеги од белгиската лига.