Секој ден преку 1.000 мртви – Бразилците одбиваат да играат фудбал

Бразилските фудбалски клубови Ботафого и Флуминензе не сакаат да играат фудбал во овој период и одбија наредбата на федерацијата за враќање на фудбалот во оваа држава.

Фудбалот во Бразил е суспендиран пред три месеци, а раководството на двата клуба одбиваат да му се вратат на шампионатот поради големиот процент на мртви во последниот период, како последица на вирусот ковид-19.

Бразил е една од најзагрозените држави и дневно се бројат над 1.000 мртви луѓе, па затоа Ботафого и Флуминензе сметаат дека во овој момент ризикот е голем повторно да играат фудбал. 

Според најавите фудбалот во Бразил треба да се врати овој викенд, но дали ќе се случи тоа наскоро ќе дознаеме. 

Вчера, Бразил постави рекорд откако за еден ден беа потврдени 34.918 нови заразени од коронавирус, така што сега има вкупно 923,189 позитивни тестови.