СЕЌАВАЊЕ: Како Ивановски ја „измеша“ одбраната на Шкендија за Куп-трофеј на Македонија ЃП! (ВИДЕО)

Екипите на Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев ќе се борат за својот прв овосезонски трофеј, затоа што се учесници на финалето на Купот на Македонија. 

Утре, нашиот најголем фудбалски стадион „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на големото Куп-финале, во кое „лавовите“ ќе го бркаат својот втор трофеј од ова натпреварување, додека „пандевци“ премиерниот. 

Македонија Ѓорче Петров последен пат на овој трофеј се радуваше во 2006 година, кога по возбудливо финале со 3-2 славеше над фаворизираната Шкендија. Од тој меч засекогаш ќе биде запаметен погодокот на Филип Ивановски. Тогаш младиот офанзивец ја „измеша“ одбраната на Шкендија и на мајсторски начин погоди за 3-2, кои на крај беа доволни за голема победа на скопскиот тим. 

  • Незаборавниот погодок на Ивановски против Шкендија:

Големото финале на Купот на Македонија за сезоната 2018/19 се игра утре со почеток од 18:30 часот.