Сејдини: Честитки, уживавме во убави фудбалски денови! 

Македонија одигра два одлични натпревари на гости кај Израел и Летонија и ги продолжи шансите за директен пласман на Европското првенство во 2020 година. 

По ремито со Беер Шева и победата во Рига, на адресa на нашите фудбалери пристигнуваат само пофални зборови, а честитки за четирите бода стигнаа и од првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

„Честитки за фудбалерите и стручниот штаб за успешните настапи во Израел и Летонија. Уживавме во убави фудбалски денови. Убеден сум дека ќе ја задржиме скромноста и натпреварувачкиот дух. Благодарност до сите што препознаваат „срце на терен“ во овој тим“, потенцира претседателот на ФФМ. 

Македонија со осум бода е на четвртата позиција на табелата во групата, а следни предизвици ѝ се Словенија дома и Полска во гости.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 6 4 1 1 8:2 6 13
2 СловенијаСловенија 1 6 3 2 1 12:5 7 11
3 АвстријаАвстрија 1 6 3 1 2 13:6 7 10
4 ИзраелИзраел 6 2 2 2 11:11 0 8
5 МакедонијаМакедонија 6 2 2 2 8:8 0 8
6 ЛетонијаЛетонија 6 0 0 6 1:21 -20 0