Сеир на денот: Вернер го промаши и логото на Челзи! (ФОТО)

Екипата на Челзи по вторпат е освојувач на Лигата на шампионите. Синоќа, на „Драгао“ во Порто „сините“ од Лондон со минимални 1-0 го совладаа англискиот ривал Манчестер Сити и одново ги израдуваа своите фанови со трофеј од европската елита.

Радоста кај фудбалерите на Томас Тухел беше огромна, а при прославата во центарот на вниманието на фудбалската јавност одново беше Тимо Вернер. Германскиот репрезентативец, кој оваа сезона не се прослави во дресот на „сините“ и честопати беше критикуван за неговите големи промашувања, синоќа направи нов гаф, откако го промаши и логото на својот клуб.

  • Фотографијата од Вернер која стана хит на социјалните мрежи:

И покрај голгетерската криза, Вернер имаше важна улога во тактиката на Томас Тухел и беше еден од клучните играчи на Челзи во патот до европскиот врв.