Сега Јувентус е под поголем притисок од Милан

Минатата година, по десет години, Милан го совлада Јувентус во Торино. Тоа беше силна потврда дека почнаа да дуваат нови ветришта во италијанскиот фудбал. На доминацијата на Јувентус ѝ дојде крајот, „росонерите“ почнаа да растат, иако на крајот, Интер беше тој што ја прекина шампионската серија на „бјанконерите“.

Дека ова не беше само минлив тренд, се потврдува на почетокот на оваа сезона. Милан има перфектен старт по три кола и го дели првото место на табелата во Серија А, додека Јувентус е претпоследен со само еден освоен бод. Во претходните години, Јуве го дочекуваше дербито со Милан како апсолутен фаворит, што не може да се каже за нивниот следен судир во Торино.
Двата тима го чекаат првото големо дерби сезонава по натпреварите во Европа. Зад Милан остана тешкото гостување кај Ливерпул (пораз од 3-2), додека Јуве имаше многу полесна работа на гостувањето кај Малме и со победата од 0-3 почна да ја враќа разнишаната самодоверба.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Јувентус - Милан

Звучи чудно, но по долго време Милан е тој што има поголема смиреност и континуитет во тимот отколку Јувентус. „Старата дама“ е во сериозен процес на реконструкција, што може да се види и од резултатите на почетокот на сезоната. Враќањето на Макс Алегри на клупата и заминувањето на Кристијано Роналдо, околу кого сè се вртеше во претходните сезони, се сериозни резови на кои ќе им треба време да се излечат.

Јувентус и Алегри се само на почетокот на процесот на потрага по тим и систем. Стабилноста што дојде од последната линија во првата ера на Алегри веќе не е толку солидна. Почнувајќи од голманот Шчешни, кој влезе многу лошо во новата сезона и може да го загуби местото како стартер. Се бара и добитна комбинација на средината на теренот, се воигрува големото засилување Локатели, а во нападот сите карти ќе бидат фрлени кон Дибала и Киеза, кои би требало да заздрават од повредите за дербито со „росонерите“.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во Серија А

Од друга страна, Милан е посилен од минатата сезона, одбраната предводена од голманот Мењан изгледа одлично и тренерот Пиоли нема да смета Златан Ибрахимовиќ, како и Жиру, а отпадна и Давиде Калабрија. Милан има опција повеќе во нападот ама за овој дуел ќе мора да се снајде со Ребиќ и Леао, додека Флоренци ќе добие шанса на бековската позиција.

За Милан дури и нерешен резултат во Торино би бил прифатлив исход по максималниот учинок во првите три кола. За разлика од претходните сезони, кога „росонерите“ секогаш во Торино доаѓаа со бодовна негатива и со резултатски притисок. Јувентус има императив за победа, ремито не би го турнало многу напред, додека во случај на пораз, практично би бил елиминиран од шампионската трка уште на почетокот на сезоната бидејќи ќе има минус од единаесет бодови кои ќе бидат тешко да се достигнат...