• Сашо Поповски

Она што беше познато од пред неколку дена, доби потврда од ПСЖ. Томас Тухел не е повеќе прв тренер на фрнацускиот првак.
За две и пол години како дел од гигантот од Париз, германскиот стручњак успеа да освои многу работи на национално ниво, но не и толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите. Најблиску беше минатата сезона кога загуби во големото финале од Баерн Минхен.
Communiqué du club
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) December 29, 2020
Тухел заминува на шест месеци од истекот на неговиот тековен договор со скор од 95 победи, 12 реми средби и 20 порази на 127 официјални натпревари на кормилото на ПСЖ.
Прв избор за негова замена се шпекулира дека ќе биде Маурицио Почетино, кој долго време е без ангажман.