ВИДЕО: Сеферовиќ го реши „О Класико“, Бенфика му се одмазди на Порто

Со гол во последната минута од ланското „О Класико“ во Лисабон, Порто ја совлада Бенфика со 0-1 и ја освои титулата во Примеира токму заради тие три бода. Одмаздата „лавовите“ ја дочекаа вечерва, кога на „Да Луж“ триумфираа со 1-0 во дерби натпреварот од 7. коло на шампиoнатот на Португалија.

Пред полни требини пак се играше агресивно и на моменти грубо. Екипата на Руи Виторија вo првиот дел се закани преку Салвио и Лима, а гостите со ударот од дистанца на Мексиканецот Херера. По 0-0 на одмор, моментот на одлука падна вo 62. минута, кога Швацарецот Харис Сеферoвиќ побегна по десната страна и со удар во поблискиот агол го матираше Икер Касиљас (1-0).

Од тој момент домаќините се затворија и целосно го умртвија натпреварот. Во 82. минута Кристијан Лима заради два жолти картони мораше предвреме во соблекувалната, па Бенфика дуелот го доигра со човек помалку и во тотална дефанзива. Најзрелата шанса за израмнување ја имаше Алжирецот Брахими во 86. минута, но неговиот удар заврши крај дирекот на Влаходимос.   

Со оваа победа Бенфика го прескокна својот најголем ривл и се израмни со Брага на врвот со по 17 од можните 21 бод по седум одиграни натпревари.