• Иван Димовски

Сефер Емини не мрда од редовите на дански Сондерјиске, со кој во следната сезона ќе игра во Суперлигата на оваа земја. Македонскиот интернационалец парафира нов договор со данскиот клуб.
Сондерјиске не сака да го загуби офанзивецот, па му даде нов тригодишен договор. Емини исто така е презадоволен од престојот во Данска и не сака да замине, па договорот падна лесно. Самиот фудаблер нагласи дека ужива настапувајќи за овој клуб.
„Многу сум среќен за продолжувањето на договорот со Сондерјиске. Една од главните причини е одличната атмосфера во тимот. Едвај чекам да играм во Суперлигата со Сондерјиске. Би сакал да им се заблагодарам и на навивачите кои не поддржуваа од доаѓањето досега“, изјави Емини.
Досега Сефер Емини одигра 57 натпревари за екипата на Сојдерјиске, а на нив постигна десет погодоци. Во данскиот клуб македонскиот интернационалец ја дели соблекувалната со Иван Николов, поранешниот младински репрезентативец на Македонија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.