• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Сефер Емини официјално е промовиран како нов играч на данскиот второлигаш Сондерјиске каде доаѓа од Македонија Ѓорче Петров.
22-годишниот играч од средниот ред доаѓа како искусен од Првата македонска фудбалска лига во која играше за „лавовите“. За нив настапи на 62 натпревари и важеше за еден од најдобрите играчи во екипата.
Емини со Сондерјиске потпиша договор до 2025 година. Во клубот ќе го носи дресот со бројот седум. За него ова ќе биде втората интернационална авантура по онаа во Русија каде играше за Акрон Тољати.
Играчот за врска играше за Македонија ЃП уште од периодот како тинејџер. За него Сондерјиске ќе биде трет клуб во кариерата.