Седумте порази пресудија, Вест Хем го избрка Мануел Пелегрини

Падна нова тренерска „жртва“ во Премиер лигата, затоа што Мануеп Пелегрини доби отказ од екипата на Вест Хем. „Чеканите“ во премиерлигашкото коло загубија од Лестер Сити (1-2), а тоа беше доволно за управата да го разреши искусниот Чилеанец.

Пелегрини имаше седум порази на клупата на Вест Хем во последните девет кола и тимот се наоѓа во лоша позиција.

Чилеанецот пристигна во лондонскиот тим во 2018 година, а од Вест Хем најавија дека во најбрз можен рок ќе ја назначат неговата замена. Продолжува малерозната зима на лондонските клубови, откако минатиот месец Тотенхем, а пред неколку недели и Арсенал се одлучи да го смени менаџеерот.

Во првото коло во 2020 година, на први јануари Вест Хем го пречекува Борнмут.