„Седумка“ за крај на Бундес-колото: Вердер од 3-0 до луд пресврт! (ВИДЕО)

Наејфикасниот натпревар во петтото коло на Бундеслигата дојде на самиот крај, а во него Вердер Бреме со 3-4 славеше кај Хофенхајм. 

  • Извештај од натпреварот:

Перфектно тргна натпреварот за домашната екипа. Со двата гола на Бултер во петтата и осмата минута домаќините стекнаа двојна предност, а потоа во 12. стрела и Хложек за 3-0. Сепак, пресвртница веројатно беше црвениот картон на Нсоки уште во 18. минута.

Тоа Вердер знаеше да го искористи и веднаш почна да се враќа. На 3-1 намали Малатини, а потоа Јенс Стаге во 26. и 39. минута донесе израмнување (3-3). На стартот на второто полувреме, истиот фудбалер си го комплетира хет-трикот и веќе од 49. минута Вердер водеше. 

Успеаја гостите рутински со човек повеќе да го одбранат стекнатото водство и да се радуваат на втората сезонска победа.