• Саше Љолес
Екипата на Лион го совлада холандскиот Гоу Ахед Иглс (2-1) во шестото коло од Лига Европа и се проби на врвот на табелата во второто најквалитетно континентално натпреварување.
„Лавовите“ ја запечатија победата со головите на Алфонсо Мореира и Павел Сулц, кои биеја во првото полувреме, а во меѓувреме гостите стрелаа преку напаѓачот Милан Смит.
- Базел - Астон Вила 1-2:
Вторите 45 минути донесоа поголема иницијатива за францускиот претставник, но резултатот не се промени. За Лион ова е петти триумф сезонава, со кој стигна до 15 бодови, исто колку што имаат Мидтјиланд и Астон Вила. Тимот на Унаи Емери вечерва славеше на гостувањето кај Базел со 1-2.
- Селтик - Рома 0-3:
Со истиот резултат победи и Болоња кај екипата на Селта Виго, Рома беше убедлива кај Селтик во Шкотска (0-3), а ефикасен натпревар одиграа ФЦСБ и Феенорд, каде победата во самиот финиш замина кај домашниот тим, кој славеше со 4-3.
- Фрајбург - Салцбург 1-0:
Фенербахче се враќа со огромен триумф од гостувањето кај норвешкиот Бран (0-4), Фрајбург го порази Салцбург со минимални 1-0, Порто беше подобар од Малме со 2-1, а Панатиниакос и Викторија Плзен ремизираа со непопуларни 0-0.
- Порто - Малме 2-1:



