• Зоран Мишевски
Шпанско дерби не може да мине без полемики. Атлетико Мадрид ја совлада Барселона со 4-0 во првиот натпревар од Купот на Кралот, а Каталонците „грмат“ за поништениот гол за 4-1.
Во 52. минута Барселона постигна гол преку Кубарси по мешаница во шеснаесетникот, но по повеќе од седум минути проверка во ВАР-собата, погодокот беше поништен поради минимален офсајд. Тој момент дополнително ја оттурна Барселона од мечот.
Медиумите од Барселона сметаат дека Џулијано Симеоне заслужи црвен картон по стартот врз Балде, а доби само жолт.



