ВИДЕО: Седум гола, тепачка со два црвени и пенал во 106. минута за триумф на Лион!

Последниот меч од колото во француската Лига 1 беше тотална лудница, затоа што Лион во дуел со седум гола го победи Брест (4-3) и продолжи да чекори напред кон местата кои водат во Европа.

Средбата на „Олимпик Парк“ беше спектакл, затоа што покрај многуте голови имаше од се по нешто. Покрај седумте голови, имаше и тепачка во второто полувреме по која судијата даде два црвени картони, а во екстра-времето следеше и пенал за Лион по прегледување на ВАР.

А, првото полувреме не најавуваше такво нешто, затоа што заврши само 1-0 со голот на Толисо. Во периодот од 60. до 67. минута, Брест даде три гола преку Муние и Дел Кастиљо и го сврти мечот (1-3). Лион преку Лаказет и Таљафико потоа израмни на 3-3, па следеше тепачка по која црвени добија Таљафико и Лес-Мелоу.

Во екстра-времето голманот Бисот стартуваше врз Лаказет. Французинот се повреди, тренерот мораше да прави измена. Судијата ја прегледа ВАР-снимката, покажа на белата точка, а победата за домашните ја донесе Мејтланд-Нилс.

  • Извештај од натпреварот:

Лион е седми во Лига 1 и има 41 бод, три помалку од петтиот Ленс.

Состави

Pierre Sage

4-3-3

    Eric Roy

    4-3-3