Седмо ново име во Штип: Ристевски ја засили одбраната на Брегалница

Централниот дефанзивец Александар Ристевски е најновото засилување на Брегалница за престојната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

30-годишниот Ристевски изминатава година настапуваше во редовите на косовскиот прволигаш Приштина, од каде сега доаѓа во редовите на Брегалница засилувајќи ги дефанзивните позиции во тимот.

Ристевски има богата прволигашка кариера зад своето име настапувајќи за Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Струга ТЛ и Работнички во македонскиот шампионат, како и за екипата на Влазнија во албанското првенство.

Низ досегашниот преоден рок Брегалница се засили и со досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.