• Мартин Танасковски

Шкупи е во исчекување на реваншот со Шамрок Роверс во Лигата на Европа. Чаирчани дома ќе бркаат два гола негатива (1-3), а тренерот Гоце Седлоски го најави дуелот во Скопје. Тренерот истакна дека мора да се биде 100% фокусиран и да не се прават грешки во играта.
„Кога играме вакви натпревари мора да сме 100% фокусирани. Жалиме како ги примивме головите во првиот натпревар, но на овој меч одиме од почеток. Играме против незгоден ривал, но кај нас постои мотивација и одиме да победиме. Ги повикувам и навивачите да ни дадат поддршка на овој меч“, изјави Седлоски.
Натпреварот меѓу Шкупи и Шамрок Роверс се игра на Арената „Тодор Проески“ во вторник со почеток од 21:00 часот.