Седлоски: Сите добија шанса, дуелот со Бешикташ е одлично искуство за нас

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи последната овогодишна репрезентативна пауза ја искористи за мерење на силите со еден од најдобрите турски клубови. На „Водафон Арената“, лидерот во Првата македонска фудбалска лига формата ја темпираше со пријателска средба со Бешикташ, на која домашниот тим извојува сигурна победа од 3-0.

Тренерот на чаирчани, Гоце Седлоски, по мечот им се заблагодари на домаќинот за гостопримството и спортски им ја честиташе победа на Бешикташ. 

„Добар натпревар против голем тим како Бешикташ. Му благодарам на претседателот на Шкупи кој ни го овозможи ваков натпревар на овој многу убав стадион.

Нормално, денес им дадов можност на сите играчи да играат, правејќи некои комбинации од првиот дел од натпреварот. Заслужена победа на Бешикташ, навистина се работи за клуб со многу добри играчи. На домаќините им благодарам за гостопримството, во меѓувреме се враќаме во Скопје и продолжуваме да се подготвуваме за натпреварите кои нè очекуваат во лигата“, изјави Гоце Седлоски.

Мрежата на искусниот Наумовски ја стресоа Топал, Тешеира и младиот турски напаѓач Јалчин.