Седлоски: Широки не се предава, ќе одиграме машки дуел и ќе пробаме...

Екипата на Широки Бријег попладнево го игра реванш мечот од првиот квалификациско коло на Лигата на Европа. 

Босанскиот тим предводен од нашиот стратег Гоце Седлоски има негатива од 1-2 од првиот меч во БиХ против Каират Алмати, но и покрај тоа поранешниот македонски репрезентативец верува во своите момци од кои очекува попладнево да одиграат машки натпревар. 

„На првата средба пред нашата публика можевме многу да дознаеме од нашиот противник. Каират покажа квалитет и извојува победа. За жал загубивме заради две индивидуални грешки, а претходно пропуштивме неколку изгледни шанси за гол. Но, сега не чека нова средба, која ќе биде поразлична од првата. Иако домаќините ја имаат позитивата, ние не се предаваме, ќе одиграме машки и ќе пробаме да наметнеме свој ритам на игра“, рече Седлоски. 

Дуелот меѓу Каират Алмати и Широки се игра денес со почеток од 16:30 часот.