Седлоски: Санта Клара заслужено победи, но јас сум задоволен од играта

Европската авантура на македонските клубови ова лето заврши, а последен тим кој беше елиминиран е Шкупи. Веднаш по Шкендија од Рига, чаирчани загубија и на гостувањето од Санта Клара, па со убедливи 5-0 беа исфрлени од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. 

По вториот пораз од португалскиот ривал, тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски го изнесе своето мислење и му честиташе на ривалот.

„Морам да ѝ честитам на Санта Клара за пласманот понатаму. Мислам дека во првиот натпревар, мојот тим беше исплашен и премногу го респектираше противникот. Санта Клара има одлични фудбалери, првиот погодок во Скопје беше автогол, а останатите два беа наши грешки. Денес направивме промени во тимот, јас им дадов шанса и на други фудбалери. 

Знаевме уште од стартот дека ќе биде тешко, бидејќи добивме навистина силен ривал. Сепак, задоволен сум од играта на реваншот, особено во вториот дел. Санта Клара ја заслужи победата и пласманот и им посакувам среќа во натпреварувањето“, изјави Седлоски. 

Вчерашната средба беше практично формалност, бидејќи трите гола од Скопје беа огромна прадност. Дури и на реваншот во Понта Делгада, Санта Клара до полувремето даде два гола преку Карлос и Мигел, па одигра рутински и лабав втор дел.