Седлоски пред дуелот со Велкоски: Ние сме Широки, не се плашиме од никого

22. коло од босанката Премиер лига ќе биде одбележано со големото дерби кое го сочинуваат старите ривали Широки Бријег и Сараево.

Овој дуел кој се игра на „Пецари“ ќе биде и ново македонско дерби оваа сезона, бидејќи на едната страна е стратегот Гоце Седлоски, додека на другата, капитен на Сараево е нашиот репрезентативец Крсте Велкоски. 

Во пресрет на овој дуел поранешниот стратег на Вардар вели дека неговиот тим не с е плаши од никого и ќе атакува на победа пред својата публика. 

„Ние сме Широки, играме пред својата публика и не се плашиме од никого. Сараево е квалитетен тим, лидер е на табелата и можеби е и новиот шампион, но сепак нема многу да се преоптоваруваме со нив. Ние ќе ја играме нашата игра и не помислуваме да се браниме. Ќе го дадеме максимумот и ќе докажеме дека можеме да се носиме со сите“, изјави Седлоски. 

Дербито на босанкиот фудбал се игра утре со почеток од 18:00 часот, а на првиот нивни меѓусебен дуел оваа сезона Сараево беше поуспешен со 1-0.