Седлоски по деби-победата: Се знаеме само два дена, ама радува она што го видов

Гоце Седлоски со победа дебитираше на тренерското столче на Шкупи. Иако само два дена беше со тимот, чаирчани дојдоа до триумф над Борец (2-1). Новиот стратег на тимот вели дека и покрај краткото време за работа, тој е задоволен од она што го видел од играчите и потенцира дека победата е нивна.

„Работам со тимот само два дена, тукушто се запознавме и се трудам да научам што е можно повеќе за секој играч. Секако дека трите поени радуваат и уживам во нив, дебито беше добро, но оваа победа е за играчите. Така, сакам да им честитам за постигнатото, но мора да продолжиме да работиме и понатаму“, изјави Седлоски.

Следниот викенд Шкупи во ПМФЛ ќе се соочи со Работнички.