Седлоски „падна“ на испитот со Вардар, дали ќе успее да се одмазди со Шкупи?

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи ако ја помине првата фаза од квалификациите за Лигата на шампионите, ќе има тешка задача во второто коло. На патот на чаирчани ќе стои Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Хрватскиот првак пред шест години во истата фаза од циклусот се надигруваше со Вардар. Тогаш „црвено-црните“ загубија на двата натпревари со вкупен резултат 3-5. 

Интересно е тоа што Гоце Седлоски тогаш беше предводник на вардарци. Сега со Шкупи ќе има можност на „поправен“, доколку биде успешен против првиот противник од Гибралтар

Двомечот против Линколн Ред Импс нашиот претставник ќе го започне на домашен терен, а една недела подоцна ќе гостува во обид да има успешен почеток на квалификациите.