Седлоски: Не бев задоволен од вториот дел, но ја остваривме целта во Кавадарци

По десет одиграни кола, Шкупи стои највисоко на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Избраниците на Гоце Седлоски победија на последниот настап против Тиквеш и тоа на гостински терен. Победничкиот погодок го постигна Абдул Ратубјаје по половина час игра во Кавадарци.

„Патувавме за Кавадарци со единствена цел, а тоа беше само победа. Не бев задоволен од второто полувреме бидејќи имавме некои грешки, но добро го одигравме првиот дел. Оваа победа е многу важна и сега треба да се фокусираме на следните два натпревари. Исто така, морам да им честитам на играчите за трите бода“, изјави предводникот на Шкупи.

В среда овие два ривали одново ќе се сретнат, но овојпат во рамките од Купот на Македонија.