• Горан Упале

Стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација ќе претрпи промени во пресрет на новиот репрезентативен циклус. Борче Христов повеќе нема да биде помошник на селекторот Гоце Седлоски, бидејќи ќе се посвети на своите обврски во Пелистер.
Промената ја потврди и самиот Седлоски, кој најави дека на местото на Христов ќе пристигнат двајца нови членови во стручниот штаб.
„Ќе има промени во стручниот штаб, Борче продолжува во Пелистер, а имињата на новите двајца членови ќе ги објавам на официјалниот прес пред собирот“, изјави Седлоски.
Христов летово се врати во Пелистер со јасна цел – да му помогне на битолскиот клуб да се врати во македонската фудбалска елита. Искусниот стратег сега целосно ќе се насочи кон клупските обврски, додека Седлоски ќе го освежи својот тим со две нови имиња.





