Седлоски ја внесе Влазнија во Европа, па си замина, доаѓа Нухиу!?

Македонскиот тренер Гоце Седлоски повеќе не е тренер на албанска Влазнија, иако ја исполни мисијата и ја заврши сезоната успешно со пласман во еврокуповите.

Како што објави албанска „Панорама“, управата веќе ги разгледува решенијата за нов тренер. Меѓу нив има две познати имиња за македонскиот фудбал. Еден од кандидатите за позицијата е Адриан Нухиу кој по заминувањето се поврзуваше со Шкендија, но не дојде до договор.

Исто така, во игра е и еден екс-тренер на Шкендија, тоа е германскиот стратег Томас Брдариќ, но од Влазнија не се сигурни за него затоа што неговите барања се премногу високи да се исполнат.

Тука се и албанските тренери Армандо Цунгу и Еди Мартини.