• Зоран Мишевски

Македонските тренер во Албанија ја исполнија целта. Гоце Седлоски и неговата „десна рака“, Тони Мегленски среде сезона ја презедоа Влазнија од Скадар и го одведоа тимот во Европа, што и беше зацртаната цел на клубот.
Со победата над Билиш Балш на гостински терен со 1-2, екипата на Седлоски се избори за четвртото место со 50 бода, одбивајќи го нападот на Лачи, кој остана на петтото место со 48 бода. Со пласманот на едно од првите четири места, клубот од Скадар се избори за доигрување за титулата и место најмалку во Конференциската лига на УЕФА. Партизани, Тирана и Егнатиа се останатите три екипи кои ќе се борат за титулата.
Седлоски и Мегленски си заминаа од Шкупи во март оваа година и брзо пронајдоа интернационален ангажман. Со оглед на остварената цел, македонскиот стручен штаб многу веројатно ќе ја води Влазнија и во евро-куповите и следната сезона.
Албанското првенство завршува на почетокот од месец јуни.