Седлоски е во Загреб, чека „зелено светло“ од Динамо

Гоце Седлоски, македонската фудбалска легенда и екс-тренер на Вардар е веќе во Загреб каде ги договара последните детали за потпишување на договор со Динамо, тврдат хрватските медиуми.

Марио Цвитановиќ е под секојдневен притисок поради елиминацијата од Скендербег во Лига Европа и е на излезните врати на клубот. За негов наследник, како што стојат информациите засега, ќе биде именуван Гоце Седлоски, кој веќе неколку дена се наоѓа во Загреб и чека на расплет на ситуацијата.

Седлоски си замина од Вардар по елиминацијата од Копенхаген во Лигата на шампионите и првенствениот пораз од Шкендија. Стратегот покрај на кормилото на шампионот претходно беше и во редовите на Хоризонт Турново.