Себастијан Але замина од Дортмунд и се врати на добро познато место

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастиен Але, го напушти тимот на Борусија Дортмунд и потпиша договор со холандскиот клуб Утрехт.

Але се приклучи на Борусија во 2022 година, но уште на подготовките му беше дијагностициран тумор на тестисите, по што мораше да помине низ две операции и хемотерапија. Сепак, на теренот се врати по само шест месеци. Во сезоната 2022/2023 постигна девет голови во Бундеслигата.

Минатата година беше на позајмици, најпрво во шпанскиот Леганес, а потоа и во Утрехт. Таму одигра 18 натпревари и постигна шест голови, помагајќи му на тимот да ја заврши сезоната на четвртото место во Ередивизие и да избори пласман во квалификациите за Лигата на Европа.

Утрехт не е непознато место за Але, затоа што веќе настапуваше за овој клуб во периодот меѓу 2015 и 2017 година. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.