Себаљос „заглавен“ во Мадрид, Ајакс се откажа од неговиот трансфер

Управата на Ајакс се повлече од преговорите за ангажман на Дани Себаљос, иако холандскиот клуб претходно постигна начелен финансиски договорза оштета со Реал Мадрид.

Неколку недели траеа контактите и преговорите, но неизвесноста околу одлуката на шпанскиот играч за врска го натера раководството на Ајакс да стави крај на обидот за трансфер.

Себаљос не бил целосно убеден дека Ајакс е вистинската средина за продолжување на кариерата, и покрај фактот што на клупата на тимот е Мичел, тренер со кого добро се познава од периодот во Примера. 

Уморни од чекањето конечен одговор, челниците на холандскиот клуб решиле да ја прекинат операцијата, па 29-годишниот фудбалер ќе мора да бара нова опција.

Како можна дестинација се споменува враќање во Бетис, клубот каде што Себаљос се афирмираше, но останува прашањето дали тимот од Севилја може да ги исполни неговите финансиски барања и да му гарантира улога каква што посакува.

Минатата сезона Себаљос одигра 23 натпревари за Реал Мадрид, но веќе подолго време не успева да обезбеди континуитет и стабилна улога во тимот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.