ФОТО: Се знае за кого ќе навива – Бекс со поддршка за Оле и „ѓаволите“

На популарниот „Театар на Соништата“, вечерва ќе се одигра првиот натпревар од големото осминафинално дерби на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ. 

Несомнено, „црвените ѓаволи“ ќе имаат огромна поддршка од домашната публика, а меѓу нив ќе биде и легендарната „седумка“ на тимот, Дејвид Бекам. Поранешната ѕвезда на Јунајтед веќе е на „Олд Трафорд“ и првата средба ја имаше со својот поранешен соиграч Оле Гунер Солскјер, кој моментално е привремено решение на менаџерската клупа на англискиот гигант. 

Популарниот Бекс своевремено го носеше и дресот на ПСЖ, но сигурно вечерва ќе стиска палци за „ѓаволите“ и својот голем пријател, со кого во 1999 година го освоија престижниот пехар.