Се знае кој ќе биде „жртвеното јагне“ во Реал, Јунајтед нуди 150 милиони за неговиот потпис?

Откако беше потврдено дека Килијан Мбапе по крајот на сезоната ќе стане нов играч на Реал Мадрид, многу се шпекулираше кој ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Обично се споменуваат две имиња. Тоа се Бразилците, Винициус и Родриго.

Двајцата најважни играчи во офанзивниот дел на тимот во моментов се Винициус Јуниор и Родриго. Не е тајна дека и двајцата Бразилци им се допаѓаат на најбогатите клубови, а се чини дека најмногу загризал Манчестер Јунајтед. Според информациите кои ги пренесува „DefensaCentral“, „црвените ѓаволи“ веќе понудиле огромна сума за Винициус, но Перез веднаш ги одбил.

Првиот човек на „кралскиот“ клуб бил сосема јасен и побарал 200 милиони, доколку англискиот гигант, кој со години го бара својот загубен идентитет, воопшто сака да седне на преговарачка маса. Сепак, Манчестер Јунајтед продолжува да ги притиска „кралевите“ и нивна нова цел е Родриго. Англичаните се подготвени да понудат околу 150 милиони евра за Бразилецот, што е понуда која Перез наводно ќе ја прифати.

Според некои извори, Родриго е омилен играч на Перез во соблекувалната, тој дури барал од Карло Анчелоти почесто да го игра Бразилецот, но летово тој може да биде продаден.

Долгогодишниот претседател на Реал е познат како несовесна личност, на прво место му е успехот на Реал, па одлуката да го продаде одличниот напаѓач можеби нема да изненади. Освен доаѓањето на Мбапе, причина поради која Родриго е избран за „жртвено јагне“, е и тоа што во нападот на Реал следната сезона ќе игра и суперталентираниот Ендрик.