• Саше Љолес
Елитниот европски тренерски „клуб“ се проширува. Шпанецот Унаи Емери со освоената титула во Лига Европа со Астон Вила се израмни со три од најголемите имиња во историјата на фудбалот - Карло Анчелоти, Жозе Мурињо и Џовани Трапатони.
Со овој успех, Емери стигна до петтиот европски трофеј во својата кариера, сите освоени во Лига Европа, со што уште еднаш ја потврди својата доминација во ова натпреварување. Тој се приклучи на затворен елитен круг на тренери кои имаат по најмалку пет европски титули.
Карло Анчелоти е рекордер по број на титули во Лигата на шампионите (пет), додека Жозе Мурињо има освоено европски трофеи со Порто, Интер, Манчестер Јунајтед и Рома. Џовани Трапатони, пак, важи за еден од најкомплетните тренери во историјата, со трофеи во повеќе различни натпреварувања на УЕФА.
Ова друштво претставува вистински „крем“ на европскиот фудбал, составен од тренери кои низ различни ери и клубови оставиле длабока трага во европските натпреварувања и освоиле повеќе значајни трофеи на меѓународна сцена.
Со влезот на Емери во оваа група, повторно се потврдува неговиот статус како еден од најуспешните специјалисти за европски купови во модерната ера.


