Се враќаат прволигашите, „пандевци“ и Ренова ќе играат за бодови во петок

По двата натпревари на нашата најдобра репрезентација и вчерашниот триумф на У21 националниот тим против Фарски Острови, на сцена се враќа клупскиот фудбал и прволигашките и второлигашките натпревари. 

Во рамките на петтото коло на ПМФЛ, Академија Пандев и Ренова в петок ќе се соочат на „Филип втори“. Ова е дуел на двете екипи кои се на врвот на табелата и кои се етикетираат како најпријатни изненадувања сезонава.

Преостанатите натпревари ќе се одиграат в сабота од 15:30 часот, а ќе се сретнат Шкендија – Работнички , Вардар – Струга Трим Љум, Шкупи – Силекс и Македонија ЃП – Борец.

Следната недела предвиденото е вонредно шесто коло, а тоа е причината што натпреварите ова коло не се играат во недела, туку во сабота. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 6 4 2 0 7:1 6 14
2 ВардарВардар 1 6 4 1 1 8:3 5 13
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 6 3 2 1 10:6 4 11
4 ШкупиШкупи 6 2 2 2 7:7 0 8
5 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 6 2 2 2 6:8 -2 8
6 ШкендијаШкендија 2 6 2 1 3 6:4 2 7
7 РеноваРенова 2 6 2 1 3 5:8 -3 7
8 СилексСилекс 1 6 2 0 4 8:8 0 6
9 РаботничкиРаботнички 1 6 2 0 4 5:9 -4 6
10 БорецБорец 3 6 1 1 4 2:10 -8 4