• Саше Љолес
Селекторот на германската репрезетација, Јулијан Нагелсман, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните натпревари во Лигата на нации.
„Панцерите“ ќе се соочат со Босна и Херцеговина и Холандија, а во составот извесно е дека го нема голманот Тер Штеген, кој доживеа тешка повреда, играјќи за Барселона. На неговото место ќе имаме дебитант - Оливер Бауман од Хофенхајм.
34-годишниот чувар на мрежата неколку пати беше повикан во националниот тим, но дури сега ќе го има првиот настап. На списокот се враќаат Серж Гнабри и Антонио Рудигер, а останатиот ростер е прилично познат и не се разликува многу од претходниот.