Се враќа името Тиквеш, Дунимагловски и Бакрачевски први засилувања

Како и што беше најавено пред почетокот на сезоната, второлигашот Љубанци, кој се пресели во Кавадарци, со почетокот на новата година се преименуваше во Тиквеш, добивајќи го името на некогашниот славен клуб.

Тиквеш утре на Градскиот стадион во Кавадарци ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната, а засега нови имиња се Стојанче Дунимагловски, кој доаѓа од прволигашот Победа, како и Наум Бакрачевски од редовите на Металург.

Во следниот период клубот се очекува да добие нов шеф на стручниот штаб, а во пресрет на продолжението од сезоната ќе бидат одиграни и низа контролни натпревари.