Сè уште нема деби, а Барса одби двојно поголема понуда за талентот од Брага

Екипата на Барселона на почетокот од годинава го откупи договорот на Франсиско Тринкао од Брага за 30 милиони евра, но реши да го остави 20-годишникот на позајмица во Португалија. 

Сега, португалското крило треба да им се придружи на подготовките на соиграчите во Каталонија, каде ќе се обиде да се наметне од следната сезона. Очигледно и челниците на Барса имаат верба во младиот фудбалер. Тринкао кој сезонава одигра 27 мечеви во Примиера лигата, постигна осум погодоци и запиша исто толку асистенции, веднаш можеше да и се исплати на Барселона. 

Според пишувањето на угледната „Марка“, неименуван англиски клуб од врвот испратил понуда од 60 милиони евра за услугите на Тринкао, но „блауграна“ одбила. Доколку Барселона ја прифатеше оваа понуда, ќе можеше да заработи двојно повеќе од што е платен фудбалерот, без воопшто тој да дебитира на „Камп Ноу“, што ќе беше вистински преседан. 

Португалецот потпиша договор на пет сезони со клубот, а во договорот му е вметната и откупна клаузула од огромни 500 милиони евра. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.