Сè уште има магија во неговите нозе: Малку фалеше Руни да даде еврогол против Јунајтед (ВИДЕО)

Сè уште има магија во неговите нозе. Вејн Руни вечерва по подолго време повторно игра против „својот“ Манчестер Јунајтед и малку фалеше да им пресуди на „ѓаволите“ во последниот натпревар од осминафиналето на ФА Купот. 

Во 18. минута англиската легенда изведе магичен слободен удар, топката го помина „живиот ѕид“, но гостинскиот голман Ромеро спаси еврогол на поранешниот капитен на Јунајтед.

  • Слободниот удар на Руни против Јунајтед:

34-годишниот Руни последен пат против „ѓаволите“ играше како член на Евертон, од каде пред две сезони се пресели во МЛС лигата во екипата на Вашингтон.