Се тресе столчето на Јуриќ: Дебакл на Аталанта дома со Сасуоло (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта претрпеа дебакл на домашен терен во Бергамо од Сасуоло и загубија со 0-3 (0-1) во 11. коло на Серија А. „Неро-вердите“ одиграа перфектен натпревар и водени од капитенот Доменико Берарди стигнаа до голем триумф. 

  • Извештај од натпреварот:

Овој пораз само дополнително го тресе тренерското столче на тренерот Иван Јуриќ, иако тимот победи во Лигата на шампионите по пауза од еден месец. 

Првиот дел во Бергамо понуди само еден гол, а тој дојде од белата точка преку Берарди во 29. минута од средбата. На отворањето на вториот дел Андреа Пинамонти ја удвои позитивата на Сасуоло (0-2). Точка на победата стави херојот на Сасуоло, Доменико Берарди кој во 66. минута ги постави конечните 0-3. 

Сасуоло има 16 бода и котира солидно на осмата позиција на табелата, додека Аталанта е тринаесетта со 13 бода.