Се спушта прволигашката завеса: Шкупи на „Чаир“ го крева пехарот

Шкупи си ја заврши работата на четири кола пред крај и стана шампион на Македонија. Дојде време за последниот натпревар од сезоната, во Чаир доаѓа Академија Пандев (недела, 17:00 часот) и домашниот тим ќе ја добие круната.

Тимот на Гоце Седлоски доминираше скоро на сите натпревари и сѐ до моментот на верификација на титулата беше апсолутен владетел во мак-фудбалот. Точно е дека во последните три натпревари испушти бодови, но тоа е така дека работата веќе беше завршена и мотивот за игра не беше на највисоко ниво кај „гулабите“ од Чаир.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Шкупи - Академија Пандев

На овој натпревар мотивацијата се враќа на највисоко ниво. Шкупи го добива пехарот пред својата публика, а на стадионот е најавена фешта и големо славје од страна на навивачите. На претходниот дуел против Шкендија во Тетово, Шкупи не мина баш најдобро, поради негостопримството на домашните. Летаа камења, факли, имаше напади, крвави глави... сето тоа Шкендија ја чини суспензија на домашниот терен, а казните допрва ќе следат.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во ПМФЛ

Мечот против Академија Пандев е добра шанса за победа за крај. Струмичани си ја остварија целта и на коло пред крајот се чекираа во квалификациите за Конференциската лига. Мотивите кај нив во дерби-дуелот во Скопје нема да бидат огромни, но, сепак, меч против шампионот е меч против шампионот. Типувајте на голови во двете мрежи, но и победа на Шкупи затоа што лидерот ќе има мотив плус – шампионската сезона да ја заврши без домашен пораз (16 натпревари – 14 победи, две нерешени средби).