Се спрема фешта во Истанбул: Фенербахче ќе реализира мега-транфер!

Илкај Гундоган би можел да ја напушти Барселона по само една сезона, 33-годишниот играч од средниот ред е на пат кон Истанбул, познато е откако е фатен е додека чекал лет.

Според сите проценки кариерата би можел да ја продолжи во Турција. Играчот за врска на почетокот беше поврзуван со Галатасарај, но потоа извори блиски до Фенербахче потврдија дека Жозе Мурињо силно го сака Гундоган во своите редови.

Сцената на аеродромот потврдува дека може да се реализира голем трансфер. Гундоган на фотографијата е со својата девојка на аеродромот, а дестинација на патувањето е Истанбул.

Шпанските медиуми тврдат дека раководството на Барселона наскоро ќе има разговор со германскиот фудбалер и подготвени се да го ослободат од договорот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.