Се создава дрим-тимот: Родри ја одбра Барселона пред Реал Мадрид!

Реал Мадрид ги израдува навивачите со големиот трансфер на Јан Диоманде, но според последните информации, „кралевите“ изгледа ќе останат без уште една голема желба во летниот преоден рок - Шпанецот Родри.

Неколку познати трансфер извори тврдат дека играчот за врска дал зелено светло за преселба во Барселона. Реал долго време важеше за фаворит за неговиот потпис, а интерес имаше и од ПСЖ, но Каталонците никогаш не се откажаа од идејата да го доведат капитенот на Шпанија.

Ситуацијата со Френки де Јонг дополнително го забрза планот на Барселона. Холанѓанецот има проблеми со повреди и неизвесно е колку долго ќе биде надвор од терените, па клубот сака сигурно решение во средниот ред.

Во меѓувреме, Реал не презел конкретни чекори, бидејќи целосно се насочил кон трансферот на Диоманде и новиот договор на Винициус Жуниор. Родри наводно се изморил од чекањето и ја прифатил понудата на Барселона, сметајќи дека нејзиниот стил на игра повеќе му одговара.

Сепак, трансферот сè уште не е завршен. Родри има договор со Манчестер Сити, кој нема лесно да се откаже од еден од најдобрите играчи. Англискиот клуб бара околу 70 милиони евра, додека Барселона се надева дека може да постигне договор за околу 50 милиони.

Доколку трансферот се реализира, Барселона би добила исклучително силен среден ред со Родри, Педри, Гави и Фермин Лопез. Со играчи како Јамал, Рафиња и Олмо во офанзивата, Каталонците би создале вистински дрим-тим кој ќе биде сериозен конкурент во борбата за сите трофеи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.