Се скрати кругот: Струга, Шкендија и Тиквеш имаат по пет потенцијални ривали во евро-куповите

Додека во фокусот се натпреварите од Европското првентсво во Германија, се подготвува „теренот“ за новата евро-сезона на клупски план. Европската фудбалска куќа (УЕФА) ги подели по групи екипите во пресрет на ждрепката за првите квалификациски рунди во своите три натпреварувања.

За полесно извлекување сите клубови се поделени во групи, па македонските претставници Струга Трим Љум, Шкендија и Тиквеш сега имаат само по пет потенцијални ривали пред извлекувањето. 

Стружани се паднаа во првата група за Лигата на шампионите, каде што имаат подредена улога. Среќата посака македонскиот првак да остане во игра за двомеч против големиот Слован од Словачка, Балкани од Косово, но и неколку ривали по мерка.

  • Групата на Струга Трим Љум пред ждрепката во ЛШ:

Група 1
Носители: Слован Братислава, Линколн Ред Импс, Њу Сеинтс, Балкани, Борац Бања Лука
Неносители: Хамрун Спартанс, Струга, Дечиќ, Егнатиа, Санта Колома

Што се однесува до Шкендија, тие се носители во првата група за извлекувањето во Конференциската лига на УЕФА. Тетовчани би требало да имаат предност против било кој од ривалите. Тиквеш, пак, би можел да патува во најсеверните делови на Европа.

  • Групите на Шкендија и Тиквеш пред ждрепката во КЛ:

Група 1
Носители: Шкендија, Будуќност, Интер Ескалдес, Тирана, Ла Фиорита
Неносители: Вележ, Торпедо Кутаиси, Малишева, Ноах, Ислоч

Група 2
Носители: Бреидаблик, Ф91 Дуделанж, Тре Пене, Сент Јозеф, Крусеидерс
Неносители: Флориана, Шелбурн, Атлетик Клуб Ескалдес, Тиквеш, Каернарфон Таун

Извлекувањата се закажани за во вторник. Прво во 14:00 часот се стартува со ждрепката за Лигата на шампионите, па еден час подоцна за Лигата на Европа, за на крај да се излекуваат паровите во Конференциската лига од 16:00 часот.

Најнови вести од
УЕФА Лига на шампиони