Се сели во Лондон, а не знае англиски: Палмер побара „преведувач“ за да се разбере со Естевао (ВИДЕО)

Челзи го совлада Палмеирас и се пласира во полуфиналето на Светското клупско првенство.

По натпреварот имаше интересна ситуација која ја објасни Кол Палмер. Англискиот фудбалер на интересен начин го опиша првиот разговор со новиот соиграч Естевао, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Челси.

„Само му реков дека сме возбудени што ќе ни се придружи, но тој не разбра ниту еден збор што го кажав, па мораше да дојде Дарио да ни помогне“, откри Палмер.

Естевао официјално ќе стане фудбалер на Челси по крајот на Светското клупско првенство, откако „сините“ го обезбедија неговиот потпис уште пред неколку месеци.