Се сеќавате на раката на Анри? - Ирците дојдоа да го наплатат долгот!

Gol.mk на EURO 2016

На 18 ноември 2009 година на „Стад де Франс“ се одигра еден од најконтроверзните натпревари во историјата на фудбалот. Во возвратниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Јужна Африка, Франција ја дочека Републија Ирска по победа од 0-1 на првиот натпревар. 

Но, Ирците на Трапатони водеа против „галските петли“ на Доменек со 0-1 и се играа продолженија. Тогаш Тиери Анри играше со рака за Вилијам Галас да постигне контроверзен гол за 1-1 во Париз и за вкупна победа на Франција од 2-1. И покрај протестите на Ирците кај главниот судија Мартин Хансон, одлуката не се смени и Франција со таа за Ирците кобна 104 минута, Франција замина на Мундијалот.

Овој викенд во Лион, Република Ирска има шанса за реванш. Првпат на официјален натпревар двете селекции се среќаваат по тој контроверзен момент пред неполни седум години. Од таа генерација само Шеј Гивен и Роби Кин се во ирскиот табор, а Евра и натаму игра кај Французите. Домаќинот секако дека е фаворит на хартија, но ирските мотиви сега ќе бидат двојно поголеми за тој спорен ноември 2009 година.