• Горан Упале

Некогашната голема надеж на Сер Алекс Фергусон и Манчестер Јунајтед, Дани Велбек сигурно ќе ги наполни насловните страници на англиските медиуми.
Поранешниот англиски репрезентативец, кој поради честите повреди имаше големи проблеми во својата кариера, вечерва постигна вистински гол-убавец на натпреварот меѓу Вотфорд и Норич.
По една брза контра на „стршлените“ топката дојде до 29-годишниот напаѓач, кој на атрактивен начин со „ножички“ ја стресе гостинската мрежа и донесе предност за својот тим од 2-1.
- Голот на Велбек против Норич:
Денешниот погодок на Велбек е негов прв овосезонски во Премиер лигата на 14 одиграни натпревари.