Се сеќавате ли на последниот дуел? Вардар – Звезда на снег пред три децении

Вардар ќе ѝ биде домаќин на Црвена Звезда во пријателски меч од хуманитарен карактер. Двата тима ќе играат за помош на семејствата погодени од трагедијата во Кочани, а ова ќе биде втор нивен дуел по распадот на Југославија во Скопје.

Имено, по распадот на заедничката држава, Вардар и Црвена Звезда се сретнаа само еднаш во главниот град на Македонија. Натпреварот исто така немаше натпреварувачко значење, беше од пријателски карактер.

Мечот се одигра на 5 ноември 1995 година во Скопје на снег, а Вардар победи со 3-0 со головите на Горан Петрески, Дарко Стојковски и Џевдет Шаиновски. Играч на натпреварот беше Серафимовски, рамо до рамо со него играше Ерол Демир.

На трибините тогаш имаше само 3.000 луѓе, додека на овој пријателски меч се очекува полн стадион затоа што влезниците се скоро распродадени. Натпреварот меѓу Вардар и Црвена Звезда се игра во среда на 16 април со почеток одд 20:00 часот. Билети можете да набавите на следниот линк.