ВИДЕО: Се сеќавате ли на епскиот волеј на Ди Канио за најавни шпици?

На денешен ден, пред 20 години, италијанскиот напаѓач Паоло Ди Канио постигна неверојатен гол за паметење кој долги години се вртеше на најавните шпици од Премиер лигата.

Во 2000 година Вест Хем на домашен терен со 2-1 (1-0) беше подобар од Вимблдон, а Ди Канио уште во осмата минута постигна гол за неверување. Италијанецот налета на една нафрлена топка и изведе атрактивен волеј.

  • Погодокот на Ди Канио против Вимблдон:

Ди Канио го носеше дресот на Ведт Хем од 1999 до 2003 година, а одигра 118 натпревари на кои даде 47 гола. Погодокот на напаѓачот против Вимблдон во Премиер лигата важи за најдобриот во неговата кариера.