Се разгори трката за титулата: Две премиерлигашки засилувања за истанбулските гиганти

Славните турски гиганти, Галатасарај и Фенербахче, оваа сезона бијат тешка битка за шампионската титула, а тоа се потврдува и со фактот што двата клуба пред истекот на преодниот рок се засилија со две звучни засилувања од Премиер лигата. 

Се работи за искусните Серж Орие и Карлос Винисиус, кои пристигнуваат во Истанбул со големи очекувања кај навивачите. 31-годишниот Орије доаѓа во Галата од редовите на Нотингем Форест, играч кој своевремено важеше за еден од најдобрите светски бекови, а Карлос Винисиус треба да претставува одлично решение за нападот и пристигнува од Фулам, каде не добиваше преголема шанса во првиот тим. 

Офанзивата на Галатасарај е повеќе од солидна, а со доаѓањето на Винисиус уште повеќе ќе се зголеми ротацијата и простор за одмор ќе има првата ѕвезда, Мауро Икарди. Фенер и Галата во моментов се на првите две позиции на табелата и имаат по шеесет бодови, а до крајот на турската Супер лига остануваат уште петнаесет кола. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.