Се прашувате зошто англиските клубови издоминираа во ЛШ? Одговорот е евидентен...

Премиер лигата повторно ја потврди доминацијата во Лигата на шампионите. Во „топ осум“ од лигашката фаза, само Баерн Минхен, Барселона и Спортинг не доаѓаат од Англија, што значи дека пет англиски клубови веќе обезбедија директен пласман во нокаут фазата.

Њукасл остана надвор од првата осумка и заврши на 12. место, но доколку „страчките“ ја минат плеј-оф фазата, ќе биде испишана историја, бидејќи никогаш досега шест клубови од Премиер лигата не играле во нокаут фазата на Лигата на шампионите. Ова е само вторпат пет клуба од Англија да играат во нокаут рундата. Последен беше во Лигата на шампионите во 2017 година, но само Ливерпул и Манчестер Сити стигнаа подалеку од осминафинале, а Ливерпул подоцна играше и финале.

Англичаните имаа речиси совршена европска вечер, со пет победи од шест натпревари. Единствено Њукасл одигра реми (1-1) на гостувањето кај актуелниот европски шампион ПСЖ, резултат кој не се смета за неуспех. Арсенал ја заврши лигашката фаза на првото место со максимален учинок по победата од 3-2 над Каират.

Кога ќе се согледа пошироката слика и ќе се постави прашањето зошто Англичаните се толку доминанти, одговорот е и повеќе од јасен - финансиите. Само минатото лето, англиските клубови потрошија повеќе од три милијарди фунти на трансфери која беше рекордна. Сепак, кога ќе се согледа дека и оваа е сума поголема од заедничката потрошувачка на клубовите од  Бундеслигата, Примера, Лига 1 и Серија А, јасно е од каде доаѓа доминацијата.